Украсите за новогодишна трпеза се многу важни. Без нив духот на Божиќ се чини дека бледнее. Можете да си направите одлична декорација за масата на неколку лесни начини.

Наполнете еден длабок стаклен свеќник со стапчиња цимет. Ставете во средината широка свеќа со арома на ванила. При палењето во просторијата не само што ќе се разнесе арома на ванила, но и при загревањето циметот ќе започне да оддава неверојатен мирис. Чудната мешавина на мириси ќе придонесе за силно божиќно расположение.
Друг едноставен начин да си направите декорација за божиќната трпеза е да наполните овални тегли или мали аквариуми со вода. Во нив да ставите свежо гранче по избор или некаков плод. На површината на водата оставете да плови мала свеќичка од оние во сопствена фолија.
Друг неверојатен начин да се создаде расположение на масата екако ги замените обичните свеќници со стаклени чаши за вино. Превртете ги наопаку. Под нив ставете по неколку ситни Божиќни топки или лампиони. А на превртените столчиња на чашите подредете ги свеќичките. Прекрасно, елегантно и нестандардно!