(ГАЛЕРИЈА) Сенишната древна шума во Нескоуин

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Во малиот крајбрежен град Нескоуин кој се наоѓа во американската држава Орегон, некаде помеѓу Линколн Сити и Пасифик Сити, се наоѓаат остатоците од античката шума.6b0f76bad373d6b3e2f303727cdcaf61

Ја нарекуваат “сенишната гора”, а остатоците од дрвја личат на надгробни плочи во морето.

Во текот на 300 години трупците биле скриени под песокта, додека не се откриени во текот на зимата на 1997-1998 година, благодарение на силна бура околу крајбрежјето на Орегон.

Бурата уништила дел од брегот на морето, на тој начин околу 100 трупеци на древни дрвја се отвориле за светот.

Според некои овие дрва се стари околу 2000 години, а во времето кога биле цели, нивната висина достигнувала до 60 метри.

Се смета дека шумата загинува во периодот меѓу 1680 и 1720 година.Истражувачите сугерираат дека силен земјотрес ги потонал дрвјата, а цунамито ги покрило дрвјата во песок.

Иако се уште не е јасна причината за појавата на сенишната Гора, таа заслужува да биде видена.

Ако не поинаку, барем во нашата галерија.

Фото: Flickr