Да, Дедо Мраз дојде и тоа не во какво било издание туку токму секси и Тренди Дедо Мраз. Наместо класичниот брадест буцкаст дедо во црвено и бело, Јоркдејл Шопинг Центарот во Тороното претстави Моден Дедо Мраз (Fashion Santa) за празниците во 2016, и тоа со добротворна цел.
Толкуван од моделот Пол Мејсон, модниот Дедо Мраз има значително потенко торзо и поуредна брада од неговиот традиционален колега. Тој носи Барбери капут, Живенши чевли и кашмирно шалче од Салваторе Ферагамо, без никаква црвена капа од полиестер.
Но, разликата завршува тука. Модниот Дедо Мраз исто така е во духот на великодушноста: за секое постирано селфи со него и хаштахгот #YorkdaleFashionSanta, Јоркдејл донира по 1 долар за Фондацијата за болни дечиња (Sick Kids Foundation) до постигнувањето сума од $10,000.
Единствено подобро продолжение на оваа акција е можеби Тренди Баба Мразица?