Путин нареди: Се што е закана да се уништи моментално и на секој час мониторинг на воено-политичката ситуација во светот

од desk3
92 прегледи

Секој кој ќе се обиде да оствари некаква провокација против руските војници во Сирија подлежи на моментално и бескомпромисно уништување. Тоа го порача денеска рускиот претседател Владимир Путин на воениот министер Сергеј Шојгу, пренесоа светските новински агенции.

putin
“Сакам да ги предупредам оние кои повторно може да се обидат да организираат било какви провокации против нашите војници. Презедовме веќе дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на руските војници во авиобазата која е зсилена со нови авиони и средства од воздушна одбрана. Сите активности на ударната авијација веќе се под заштита на борбени авиони. Заповедано им е да делуваат на граничната линија цврсто при постоење на закана. Сите цели кои претставуваат закана за руската воена група или за нашата земна инфраструктура, ќе е предмет на моментално уништување “, нагласува Путин.

“Многофункционална употреба од руските вооружени сили на нови прецизните системи нанесе сериозни штети на инфраструктурата на терористите. Ова им овозможи да се измени ситуацијата во Сирија “, рече за време на средбата со руските високи воени претставници претседателот Владимир Путин.

Нафтениот бизнис на Анкара со “Исламска држава”

Тој е додаде, исто така, дека активностите на Русија во Сирија не се диктирани од апстрактни геополитички интереси и неговата земја нема намера да ја користи Сирија како полигон за испитување на ново оружје.

“Важното е да ја спречиме закана за самата Руска Федерација”, истакнува Путин и додава дека во случај на закана против руски војници во Сирија ќе се делува цврсто.

Ќе ги усогласиме постапките во Сирија со меѓународната коалиција, а исто така ќе бидат известени и израелските служби. “Важно е да развиваме соработка со сите држави кои реално се заинтересирани за ликвидирање на терористите”, објавил Путин за време на проширената седници на раководството на руското воено министерство.

sojgu

Околу 70% од територијата на Сирија е окупираа вооружени групи, а во исто време зоната на влијание на “Исламска држава” се проширува, реферираше пред Путин рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу

Според него, бројот на терористите во Сирија изнесува околу 60 илјади луѓе.

“Постои опасност нивните акции да се пренесат во Централна Азија и Кавказ”, истакна министерот за време на состанокот на колегиумот.

Руските воени авиони извршиле вкупно 4.000 гаѓања во Сирија од почетокот на воздушната кампања на Русија. Од 30 септември до денес таму се уништени 8.000 терористички цели, соопшти Шојгу, цитиран од американските медиуми. Според зборовите на министерот беспилотни летала се незаменливи во текот на воените дејствија.

Рускиот претседател додаде дека Министерството за одбрана и другите сектори се обврзани да прават мониторинг на воено политичката ситуација во светот на секој час и доколку е потребно да се внесуваат измени во планот за заштита на земјата.

“Русија треба да ја реновира својата нуклеарна тријада со нови оружја и да ги модернизира своите системи за противвоздушна одбрана”-изјави Владимир Путин

“Во војската треба да биде организирана ритмичка, квалитетна работа по усвојувањето на современа техника со образовна и бојна намена. Посебно внимание треба да се посвети да зајакнувањето на борбениот потенцијал на нуклеарните стратешки сили и реализирањето на вселенските програми за одбрана. Потребно е, а и ние сме го планирале, да ја снабдиме нуклеарната тријада со ново оружје, да ја зголемиме ефикасноста на системите за предупредување при ракетни напади и за воздушно-вселенска одбрана “,додае Путин