Кога евреин на евреин му е душман, знаеш дека светот се променил…

од desk3
130 прегледи

Израел сака да се претстави пред светот како колевка на високи технологии и откритија. Но, меѓу земјите во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) сиромаштијата е поголема единствено во Мексико- пишува DW.

evrein

Сиромаштија во Израел – Буба Леви добро знае што значи тоа. Нејзината хуманитарна организација “Гласот на жената” се грижи најмногу за самохраните мајки. “Некои мајки веќе дури и не ги праќаат своите деца на училиште, бидејќи им е срам дека не можат да им дадат сендвич за појадок во училиште. Се наоѓаат сепак политичари кои тврдат дека во Израел немало гладни деца. Ајде само еден ден дојдете во придружба во нашите патувања – и веднаш ќе ја разберете вистината “- вели Буба Леви.

Титовите чистки на луѓето околу него

Секое трето дете расте во сиромаштија, утврди Канцеларијата за социјално осигурување во Израел, која извади на виделина шокантни факти. Нагло се зголемил и апсолутниот број на сиромашните деца. Вкупно 22% проценти од Израелците се сметаат за сиромашни. Овие луѓе имаат помалку од 730 евра месечно. За едно семејство сиромаштијата започнува при доход помалку од 1200 евра. Храната во Израел се значително поскапа отколку на пример во Германија. Истото важи и за кириите.

evrein2

Шломо Мор-Јосеф од Институтот за социјално осигурување констатира уште една причина за растот на сиромаштијата во Израел: “Одлуката да бидат намалени детските надоместоци доведе до драматични последици” – вели професорот. Најмногу погодени се ултраортодоксните, односно строго верските семејства кои обично имаат повеќе деца. Според извештајот, половина од нив живеат во сиромаштија. Истото важи и за Палестинците кои живеат во Израел.
“На владејачките им е сеедно”
Министерот за социјална заштита Хаим Кац е шокиран од бројките во новиот извештај за сиромаштијата: “Особено ме загрижува фактот дека меѓу сиромашните има 170 илјади луѓе, кои работат со полно работно време. За да ги достигнеме барем просечните вредности во ОЕЦД, ние треба да инвестираме околу 70 милијарди шекели, а толку многу пари јас едноставно немам “- вели министерот. Хаим Кац го става акцент на овие исчезнати 17 милијарди евра, но не отвора и збор за политичките дејствија кои евентуално можат да подзатворат јазот меѓу богатите и сиромашните во Израел.

Затоа Ерани Вајнтрауб од израелската хуманитарна организација “Леке” ја обвинува директно владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека дури и не се обидува да го реши проблемот со растечката сиромаштија во земјата: “Нема план за борба против сиромаштијата, нема долгорочен буџет за таква борба, нема и поставени цели. Чудно ли е тогаш дека сиромаштијата расте? Владата имаше можност да ги послуша советите на експертите и во рамките на следното децении да го сопре трендот. Денес веќе е јасно: на политичкото раководство на Израел е рамнодушно за сиромаштијата а. ”

Констатацијата на Вајнтрауб воопшто не одговара на имиџот кој владата се обидува да го задржи во странство: Израел, амбициозната, хај нација, земја на безброј откритија и претприемачи. А меѓу земјите од ОЕЦД сиромаштијата е поголема единствено во Мексико.