Автоматското продолжување на економските санкции на ЕУ против Русија, за кои се зборува во последните денови, може и да не се случи; не само Италија и Луксембург сакаат прашањето да биде разгледанo, соопштува РИА Новости.

Во последните денови во ЕУ се одржуваше подготовка за продолжувањето на антируски економски санкции кои се врзани со спроведувањето на Минск договори за Украина.