Убав маж потешко гради кариера

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Атрактивните мажи поретко добиваат покачување, бидејќи нивните колеги ги доживуваат како закана, тврдат британски научници, цитирани од “Дејли телеграф”.1afcf8d1ad3abc38ff7dcdcd93549b55

Научниците од факултетот за менаџмент на Лондонскиот универзитетски колеџ открија дека атрактивниот изглед на мажите создава впечаток за компетентност.

Како резултат на тоа, сепак нивните колеги ги прифаќаат како силни ривали и најверојатно воопшто нема да ги допуштат до работни места кои бараат индивидуален талент. Тие имаат шанса за тимска работа, ако началникот процени дека ќе придонесат за неговата кариера. Ова сепак не важи за жените, бидејќи кај нив убавината не се поврзува со компетентност.

“Организациите сакаат да ги вработат најдобрите кандидати, но индивидуите имаат свои приоритети. Тие не би сакале да се земе на работа некој кој е подобар и може да ги надмине. Менаџерите пркосат на стереотипите и можат да донесуваат одлуки кои се во нивен сопствен интерес. Така организациите можат да не ги добијат најкомпетентните кандидати “, вели шефот на тимот д-р Сун Јанг Ли.

Таа препорачува конкурсите да се организираат со надворешни компании за човечки ресурси, за да се избегнат слични решенија.