Во организација на Форумот на Жени на СДСМ, денеска, со почеток во 11:00 часот во х.Александар Палас во Скопје, ќе се одржи Завршна конференција на кампањата 16 денови Женски активизам – Сина панделка, борба против родово базирано насилство.

На завршната конференција воведни обраќања ќе имаат:
– Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,
– Претседателката на ПЕС жени Зита Гурмаи,
– Министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски и
– Координаторката на форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.
Темите за кои што ќе се говори на завршната конференција се меѓународните стандарди за родово базирано насилство, чекори за ратификација на меѓународни конвенции и заштита од сите форми на насилство на жените во Република Македонија.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.