ВМРО-НП: За двата факултета власта ќе плати 20 милиони евра, а може да ги изгради и за 13 милиони

од desk3
74 прегледи

ВМРО-НП тврди дека пред неколку дена бил потпишан договор за изградба на двата факултета во вредност од 20 милиони евра.

vmro_np2-540x338

„ВМРО – Народна партија јавно сака да му соопшти на министерство дека ја имаме кај нас понудата од фирма која е подготвена да го потпише истиот договор за сума од 13 милиони евра. Значи, со комплетно истиот договор, министерството има прилика да заштеди 7 милиони евра од буџетот и со заштедените средства да изгради уште 3 станбени згради плус договорената од подолу споменатиот тендер, во касарната Илинден за потребите на офицерите“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

(ВИДЕО) Ордановски: Има сериозни услови изборите да се одложат за на есен

Од партијата велат дека со жалење констатираат дека Владата, и покрај бројните критики, ништо не направила за поголема транспарентност и поголема заштеда на буџетските средства.