Мрачните изгледи за нафтената индустрија: обилното снабдување ќе продолжи, што ги попарува надежите на производителите за пораст на цените. Што сепак не е само добра вест за потрошувачите. Зошто?- анализира DW.
Од средината на 2014 година цената на суровата нафта се намали на два пати како последица на светскиот вишок. Причината е вкоренета во зголемувањето на производството на сурова нафта и алтернативата на САД екстракција на шкрилци . Од друга страна побарувачката се намалува поради забавувањето на економиите на големите потрошувачи, како Кина и другите растечките земји. По последниот колапс на цените, пазарот се поуспокои. Цената на сортата Брент се покачи во вторникот со 0,5 проценти и достигна 40,94 долари за барел. А во понеделникот изгледите за продолжување на презаситеност на пазарот повторно ја притиснаа цената надолу за да стигнат до таа 40,60 долари за барел. Тоа беше и најниско нејзиното ниво за речиси седум години.
ОПЕК сама е виновна?
Најбогатите Британци трошат за цигари и пиење колку најсиромашните за струја и греење
Главното паѓање на цените на нафтата всушност се должи на одлуката на земјите од ОПЕК да продолжат со политиката на висок принос. “На овој начин ОПЕК сигнализираше дека се откажува од својата долгорочна стратегија да ја ограничува екстракција во краен случај. И ова решение врши притисок врз цената на суровата нафта”, вели главниот стратег на Sun Global Investments Санџив Шах.
Светската банка гледа мал зрак на надеж за земјите-производители на нафта во текот на следната година. За 2016 година банката предвидува просечна цена од 51 долари за барел. Така цената на суровата нафта ќе биде само со еден долар пониска од очекуваната просечна цена за 2015 година. Експертот за суровини кон Комерцбанк Еуген Вајнберг не го дели овој оптимизам. Тој вели дека цената на нафтата ќе остане на ниско ниво многу подолго време отколку што се мислеше претходно. “Од тоа ќе страдаат не само извозниците на нафта од ОПЕК, но и други производители како Мексико, Русија или Норвешка”, вели тој . А ММФ гледаат проблеми и за земји како Венецуела, Ирак и Нигерија.
Светската банка предупредува дека паѓањето ќе продолжи, зашто во лицето на Иран се појавува нов голем играч на меѓународните пазари. “По укинувањето на санкциите ние сме во право веднаш да се вратиме на она производствебо ниво кое го имавме во среден план”, изјави уште во септември иранскиот министер за нафтената индустрија.
Цените на нафтата може да паднат под силен притисок и поради слабеењето на светската економија следната година, што од своја страна ќе ги намали енергетските потреби. Според ММФ, драстично опаднатите цени на суровините се еден од најсериозните ризици за конјуктурата. Меѓународната енергетска агенција / IEA / исто предупредува за опасните последици од намалувањето на цените на нафтата.
Притисокот врз цените расте
“Ниските цени не се само добра вест за потрошувачите”, читаме во годишниот извештај на Агенцијата. Експертите сметаат дека постои ризик за потребните инвестиции во петроиндустријата. А како последица на тоа може да се зголеми зависноста од производителите на нафта од Блискиот Исток, чии производни цени се многу ниски.
Некои експерти дури не ја исклучуваат цената на суровата нафта да продолжи да паѓа. “Расположенијата на пазарот се максимално песимистички. Се зборува за цена од 20 долари за барел”, читаме во прогнозата на консултантската агенција Energy Aspects.
“Постои ризик од натамошно паѓање на цената на нафтата”, вели и експертот за петролните пазари од лондонската консултантска агенција IHS- Спенсер Велч. Според него, ако цената падне до 20 долари за барел, понудата ќе се намали и тогаш цените ќе се зголемат. Велч смета дека ниските цени на нафтата имаат негативно влијание врз фракингот и се неповолни за понатамошен развој на обновливи енергии.

А енергетскиот пресврт во Германија?
Дали пак ниската цена на нафтата нема да ги загрози и енергетскиот пресврт во Германија? Еуген Вајнберг категорично отфрла таква можност, бидејќи ниту нафтата ниту природниот гас се директни конкуренти на обновливите енергии во Германија. Во суштина нафтата и природниот гас не се користат за производство на електрична енергија. Најголем потрошувач на нафта е транспортниот сектор, а природниот гас се користи првенствено за греење. “Односно, ниските цени на нафтата нема да влијаат на енергетскиот пресврт во Германија”, убеден е тој.
Во исто време експертот потсетува дека ниските цени на нафтата се еден вид конјуктурна програма во многу индустриски земји, вклучувајќи и Германија. “Зашто ниските цени не се должат на намалената потрошувачка, туку на политиката на земјите од ОПЕК. И ниската цена на суровата нафта наскоро ќе ја засили нашата економија. Во оваа година побарувачката на нафта во Германија ќе се зголеми, што пред се и случувало многу ретко. И тоа најверојатно е исто така последица на ниските цени на нафтата “, заклучува експертот од Комерцбанк.

