Најновото истражување на организацијата Глобален финансиски интегритет (Global Financial Integrity ) покажува дека во периодот од 2004 до 2013 година од Македонија нелегално биле изнесени 5 милијарди и 168 милиони долари.

Најголемиот одлив на нелегално стекнати пари се случил во 2008 година кога според ова истражување од Македонија излегле 928 милиони долари. Успешна за корупцијата и црниот бизнис била и 2011 година кога од државата заминале 834 милиони долари.
Истражувањето на Global Financial Integrity е направено врз база на анализана на податоци за меѓународна размена и платен биланс кои ги објавува Меѓународниот монетарен фонд.
извор: Нова