(ВИДЕО) Студентите со жив штит го блокираа ректоратот

од desk3
107 прегледи

Студентитскиот пленум рано изутрина го блокираше Ректоратот, во знак на протест поради нарушената автономија на Универзитетот.

Порачуваат дека нема да дозволат да се гради и да се руши универзитетската автономија.

-на-ректорат

Бараат Ректоратот и надлежното министерство да излезат со став околу потребата за изградба на двете факултетски згради токму на овој простор кој како што велат, дополнително ќе го оптовари функционирањето на една од најфрекфентните крстосници во градот и ќе го уништи ионака малиот зелен појас.

Од 2004 до 2013 од Македонија нелегално се изнесени 5 милијарди долари

Студентите нагласуваат дека не се против изградба на нови објекти за нивните колеги од факултетите за физичко култура и информатички технологии, но сметаат дека треба да се најдат нови градежни парцели кои ќе ги задоволуваат еколошките, градежните и универзитетски стандарди.