Економски мерки со кои СДСМ сака да ги добие изборите

од desk3
103 прегледи

Изборната програма на СДСМ, која вчера беше усвоена на конгрес на партијата, содржи и бројни економски мерки, бидејќи, како што истакна лидерот Зоран Заев, клучна цел на опозицијата е Македонија да биде земја со економски стабилна средна класа.

zaev_kavadarci1

Дел од позначајните мерки се укинување на рамниот данок, државна помош за домашните компании, можност за основање трговски друштва со почетен капитал од едно евро, модернизација на патиштата и гасификација на домаќинствата.

Во програмата се предвидуваат следниве економски мерки:

  • Праведен даночен систем. Ќе се укине рамниот данок на ВМРО-ДПМНЕ, со кој сите граѓани плаќаат данок на доход по иста даночна стапка, без разлика колкави се нивните плати, пензии и дуги приходи;
  • Развој на домашните мали и средни претпријатија. Ќе се зголеми драстично државната помош за нив од 200.000 евра, на 20 до 50 милиони евра;
  • Поддршка на приватниот сектор преку програми за сопствен бизнис. Ќе се креираат деловни иновативни центри во сите поголеми општини, во коишто државата ќе обезбеди деловен простор за повеќе новоосновани компании;
  • Можност за основање посебен вид трговско друштво, со минимален износ на основна главнина од едно евро;

Од 2004 до 2013 од Македонија нелегално се изнесени 5 милијарди долари

  • Привлекување и на домашни, но и на реални странски инвестиции. Во првите 100 дена ќе се подготви детална анализа од вложувањата и од придобивките од процесот на привлекување странски компании;
  • Вложување во 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта, 1.000 километри локални патишта;
  • Модернизација и проширување на железничка инфраструктура во Македонија, брза пруга Табановце – Гевгелија;
  • Развој на енергетските капацитети во земјава, со што ќе се намалат трошоците за енергија во Македонија;
  • Македонското сонце да биде извор на енергија за секое домаќинство;
  • Природениот гас да биде достапен во цела Македонија. Со изградба на магистрални гасоводи до сите урбани средини, да се овозможи користење на природениот гас, како евтин и еколошки енергент за секого во земјава.

META