Новинарите избркани надвор, почна седницата на Анкетната комисија со Груевски

од desk3
114 прегледи

Почна седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да сведочи премиерот Никола Груевски. Откако претседателот на комисијата, Петре Шилегов, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го известила дека премиерот не сака да влезе во салата додека новинарите се присутни, тој ги повика новинарите да излезат надвор.

gruevski

Пред да влезе на седницата на комисијата, премиерот Груевски рече дека е таму за да одговори на сите прашањња што ги има комисијата за конечно да се соочат со вистината.

– Имаше обид од Шилегов и од СДСМ да предизвикаат криза. Еве веќе два часа чекам да почнам со одговарање на прашања. Очигледно, СДСМ не знаат ништо друго освен да предизвикаат криза затоа што во сите други полиња сме подобри од нив – рече Груевски.

Груевски чека новинарите да си заминат за да сведочи пред Анкетната комисија

Премиерот не одговори на новинарско прашање зошто побарал седницата да биде тајна.

 

 

META