Вандали ја оштетија зградата на Facebook во Хамбург, искршија прозорци и со спреј напишаа “Facebook dislike” на еден од ѕидовите, соопштува полицијата.

Нападот е извршен во текот на ноќта од 15-20 лица кои носеле црни алишта со качулки.
Портпаролот на Facebook објави дека никој не е повреден за време на инцидентот. Тој рече дека не може да коментира какви се потенцијалните мотиви за нападот.
Раководството на Facebook во Европа е под истрага во Германија во врска со неуспехот на социјалната мрежа во отстранувањето на говорот на омразата и расистичките навреди.
Истрагата беше најавена минатиот месец, откако германски политичари и познати личности изразија загриженост во врска со коментарите на социјалната мрежа, насочени против странците во Германија. Тоа се случи во момент во кој земјата не успева да го совладате бранот бегалци, која поминува низ нејзините граници.
Мартин Од, главниот извршен директор на Facebook, кој е задолжен за операциите во Северна, Централна и Источна Европа, може да понесе одговорност за неуспехот со укинувањето на навредите.