Анализа: Исламот е најбрзорастечка религија, до 2050 година 73 % од светската популација

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Бројот на муслиманите во светот расте вртоглаво и во моментов 23% од светското население се дел од оваа верска заедница. До крајот на векот се очекува исламот да го надмине христијанството, според податоците на центарот за истражување PEW.

article-0-15A12D30000005DC-815_964x643

Студијата уште покажува дека само во САД бројот на муслиманите мигранти се зголемил двојно за 20 години – од 5% во 1992 на 10% во 2012.

Истражувачите од центарот сметаат дека има два главни фактори кои придонесуваат за брзиот раст на исламот. Првиот е дека муслиманите традиционално имаат повеќе деца од другите верски групи. На глобално ниво муслиманките имаат 3,1 деца, додека жените од сите други религиозни групи имаат 2,3 деца. Вториот фактор е дека муслиманите се најмлади од сите најважни религиозни групи. Во 2010 просечната возраст на сите муслимани била 23 години.
Поголем раст на религиозната група е забележан во земји надвор од Блискиот Исток. Всушност, според студијата, на Блискиот Исток и Северна Африка, каде исламот се зародил, живеат едвај 20% од муслиманите. Најмногу од нив се во азискиот Пацифик.

Во моментов Малезија е со голем процент на муслиманско население, но истражувачите предвидуваат дека до 2050 дом на најмногу муслимани ќе биде Индија.

Исто така центарот PEW предвидува дека до 2050 година 10% од сите Европејци би бидат муслимани. Во што веруваат муслиманите во светот? Како и секоја друга религиозна група, верувањата и практиките на муслиманите ширум светот се разликуваат, под влијание на повеќе фактори, вклучувајќи каде точно живеат. Сепак универзална е верата во еден Бог, во пророкот Мухамед, и некои различни ритуали, како што се почитување на пост за време на Рамазан.
Сепак, во доста делови од светот, муслиманите не се строги верници. Анкетирани се муслимани од 39 земји дали сакаат во државата во која живеат да бидат применувани законите на шеријатот. Речиси сите во Авганистан (99%) и повеќето во Ирак (91%) и Пакистан (83%) го признаваат токму шеријатот како основен и официјален закон. Но, во повеќето други земји ова не е случај, особено во Источна Европа и Централна Азија, вклучително и Турција (12%) Казахстан (10%) и Азербејџан (% 8).

Што мислат муслиманите за групи како “Исламска држава”?

Неодамнешна студија покажа дека во неколку земји со главно муслиманско население, на “Исламската држава” не гледаат со добро око, вклучувајќи ги сите испитаници во Либан и 94% од населението во Јордан. А во Пакистан Дури 62% од анкетираните се воздржуваат од мислење за ИСИС.

За разлика од Либан, 14% од населението во Нигерија ја подржува Исламската држава. Таму дејствува групата Боко Харам, верна на “Исламската држава”.

Сепак во најчест случај муслиманите сметаат дека самоубиствените напади и други форми на насилство врз цивили во името на Исламот не се оправдани. 92% од луѓето во Индонезија сметаат така, како и 91% во Ирак. На Запад, пак, во САД, 86% од муслиманите веруваат дека ваквите дејствија се неоправдани, 7% посочуваат дека самоубиствените напади понекогаш може да бидат поедноставни, а 1% сметаат дека тоа е целосно оправдано дело.

Во многу случаи луѓето во земји со главно муслиманско население се подеднакво загрижени како западните нации за заканата од исламскиот екстремизам и таа загриженост се засилува во последните години. Две третини од луѓето во Нигерија и Либан се многу загрижени од екстремизмот.

Како Американците и Европејците гледаат на муслиманите?

Од центарот PEW ги прашале Американци да ги оценат луѓето од различни верски групи со “топлина” – ако 0 е најстудена, а 100 најтопла. Повеќето Американци се ладни кон муслиманите – просечната “температура” за исламот била околу 40. Далеку потопло гледаат Американците на другите религиозни групи – Евреи, католици, евангелски христијани, будисти, хиндуси и мормоните.

Европејците пак се прашани дали гледаат со добро или лошо око на муслиманите. И резултатите се различни – на пример Франција и Велика Британија се подобро расположени кон муслиманите. Во Италија и Полска под 1/3 од анкетираните рекле дека немаат ништо против муслиманите.

Како муслиманите и Европејците се гледаат едни со други?

Во 2011 година студијата покажала дека многу од Европејците сметаат дека односите меѓу муслиманите и Европејците се лоши. Така мислат 62% од Французите и 61% од Германците. Жителите на Турција, Либан, Египет и Јордан исто така се согласуваат со ова мислење, а најмал е процентот во Пакистан – 45% и Индонезија – 41%.

Во истата студија се прашува за карактеристики кои секоја од двете групи ги асоцира со другата. Во седум муслимански држави во просек 68% велат дека според нив Европејците се егоисти. Меѓу другите лоши карактеристики се: сурови, алчни и неморални.

Далеку повеќе мешани се западните ставови за муслиманите. Речиси 50% од жителите на 4 западноевропски држави, како и САД и Русија, ги нарекуваат муслиманите “сурови”, а 58% директно ги опишуваат како “фанатици”. Многу помалку користат зборови како алчни, неморални или егости. Дури 22% од луѓето на запад сметаат дека муслиманите ги почитуваат жените свои, 51% се на мислење дека се искрени.

Очекуваното зголемување до 2050 година за сите религии изгледа вака:

Муслиманите – 73% Христијани – 35% Индуисти – 34% Евреите – 16% Локални религии – 11% нерелигиозни – 9% Други религии – 6% Будистите – (-) 0,3%