Првиот британски астронаут во вселената ќе го прослави Божиќ со традиционален пудинг

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Британскиот астронаут Тимоти Пик ќе го прослави Божиќ на Меѓународната вселенска станица (МВС) со традиционален божиќен пудинг, соопшти тој на прес-конференција во Центарот за подготовка на космонаути во космодромот во Бојконур.4555142

“Сигурно ќе си честитам со семејството по телефон. Исто така на масата ќе има и традиционален пудинг, со кој јас и другите астронаути ќе го прославиме празникот “, додаде тој.

Пик, кој ќе се приклучи во следната мисија до МВС, изјави дека поради интензивните вежби и обука, воопшто заборавил за претстојниот празник. Вселенскиот брод “Сојуз ТМА-19М” со меѓународниот екипаж на Јуриј Малинченко (Роскосмос), Тимоти Купер (НАСА) и Тимоти Пик (Европска вселенска агенција) ќе отпатуваат за МВС денеска, 15 декември. Тие ќе поминат таму околу 7 месеци.

Пик ќе биде првиот британски астронаут кој ќе лета во вселената.