Украсувањето на Скопје чини 170.000 евра

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Град Скопје традиционално и оваа година го украси и декорира централното градско подрачје за претстојните празници, соопштија од градот.

nova-godina-bitolaaa5000000_2013122015384

Централната новогодишна елка која е поставена на Плоштадот „Македонија“ е со висина од 18 метри, и е осветлена со 50.000 светилки, 250 блиц светилки, 100 капки и 60 светлосни фигури, а ќе свети во различни бои.

-Декорирани и украсени со светлосни елемени се и плоштадите „Македонија“, „Пела“, „Филип Втори“ и ВМРО, пред црквата „Св. Димитрија“, како и улиците во централното градско јадро, се наведува во соопштението.

За украсувањето годинава е задолжена фирмата „Линк Медиа Плус“ ДООЕЛ Скопје, за што Градот Скопје ќе издвои 10.400.000 денари.