(ГАЛЕРИЈА) Пловечката шума во Сиднеј

од Vladimir Zorba
91 прегледи

До неодамна мислевме дека мистериозната Гора со криви дрва во Полска е можеби најчудната шума, која може да постои во светот.4c4b88d3ee7e6156c2d29f2334b9deb0

Конкуренција, сепак ѝ прави пловечката гора, сместена во внатрешноста на реката Парамата во Сиднеј, Австралија. Која е нејзината историја?

Некогаш богаташкото соседство Хоумбуш Беј било депонија за индустриски отпад, вклучувајќи ги и деактивираните бродови.

Приватни фирми плаќале надомест да можат непотребните бродови да бидат скршени делови. Овие операции почнале во 1966 година, но биле прекинати предвреме – пред сите бродови да успеат да бидат уништени.

Најмалку четири големи брода и помали бродови се видливи и до денес од Хоумбуш Беј. Тоа е затоа што тие се заштитени со Законот за потонати бродови, кој ги вклучува сите бродови над 75-годишна возраст.

Несомнено најпознатиот импресивен брод сепак е SS Ayrfield кој всушност станува дом на познатата пловечка шума.

70-метарскиот брод го започнува морскиот пат низ 1911 година и е користен за транспорт на набавки за американските војници распоредени во Пацификот за време на Втората светска војна.

Во 1950 година е продаден на приватна фирма, а во 1972 година е надвор од функција. И така до денес,  бродот се претворил во мал “остров”, покриен со раскошно зеленило.

Влезете во галеријата и разгледајте го.