(АУДИО) По текстот на “Гардијан”, СДСМ и со аудио-доказ дека “лажниот патриот Груевски повторно бил фатен”

од desk3
127 прегледи

 

Никола Груевски еднаш ќе се реши да каже нешто за медиум што не е под негова контрола и вистината излегува на виделина.

Лажниот, виртуелен патриот, Никола Груевски, едно зборува пред граѓаните на Македонија а друго прави, задкулисно, зад грбот на граѓаните.

сдсм седисте

Да не бил Никола Груевски изненаден од прашањето на угледниот „Гардијан“?

Или повторно има проблеми со синусите?

Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел со уставното име на Република Македонија и тоа тајно под маса, преку класични underground методи. Заедно со неговиот братучед Сашо Милајков, и со познатиот бизнис партнер на Груевски од Грција, Емануел Малелис, познат како Манолис.


Тоа биле вистинските преговарачи за промена на името на државата и таа вистина ја знаат граѓаните.

Од објавените аудио разговори стана јасно дека Никола Груевски не само што се пазарел за уставното име на земјава туку разговарал и ги договарал дури и идентитетските прашања.

Или новинарот не разбрал, или Груевски оставил таков впечаток!?- Премиерот вели дека станувало збор за новинарски коментар на Гардијан, а не за негова изјава

Граѓаните на Македонија нема да ја заборават вистината за сите лаги врз коишто Никола Груевски го изгради имиџот за неговиот виртуелен патриотизам.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!