Повеќе од 60 години еден Британец пред секој Божиќ и праќал честитки на кралицата Елизабета II за да и посака среќни празници и Нова година.

Од кога во 2011 година починал во 102 година од животот, традицијата на пишување и праќање честитки на кралицата ја преземал неговиот внук Ендру Сајмс.
-„Како негов внук, обожавател и ученик, одлучив сам да ја одржам кореспонденцијата и секоја година да и пишувам на кралицата во знак на почитување кон неа“, објасни Ендру на својата Фејсбук страница.
Тој наведе дека неговиот дедо само еднаш се сретнал со Елизабета II и тоа во 1972 година на прием во Турција.
-„Кога нему му дојде ред да биде претставен на кралицата, наместо по протоколот да се ракува со него, таа направи пауза, му се насмевна и рече; „Значи вие ми ги праќате оние прекрасни честитки за Божиќ“, раскажа Ендру.
Британската кралица два пати и сама му пишала: 2009 кога на дедото на Ендру му го честитала 100 роденден и во 2012 за да изрази сочувство по смртта на Сајмс.