Робинка на “Исламска држава” раскажува за изживувањата на терористите

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Џихадисти од “Исламска држава” на заграбените од нив територии направија   локален пекол: убиства, грабежи, продажбата на луѓе за органи и сексуално ропство веќе станаа секојдневје.

sbndfgdfgafhdf
Како што  соопштуваат повеќе  западни новинари откриен е  подземен затвор во северниот дел на Сирија, направен од терористите од “Исламска држава”. Екстремистите  држеле десетици жени од племето на езидите во тесни железни ќелии. Тие се задушувале,и лежеле со часови во тесните ќелии – во целосна темнина, лишени од спиење и храна.
Се испостави дека за своите сексуални игри исламистите преферираат да  користат деца.
Една од освлободениете робинки раскажува за тоа што  се е потребно да се  преживее за времето во заробеништво.
“Тие избираат девојки на 10, 9, 7 години.  Ги тргаат од нивните мајки. Мене ме држеа 15 дена во зандана и ме силуваа постојано. Јас плачев и се противев, тогаш тие ме претепаа, изјави жената, цитирана од Рен ТВ.- А потоа ме продадоа на друг екстремист и јас половина година живеев во постојан страв. Тој правеше постојано изживувања  со мене “.
За терористите од ИД  се смета за престижно да имаат за робинка  курдска жена поради тоа што Курдите долго време успешно војуваат со нив.

робинка
Цената на секс-робови кои исламистите или насилниците сами или пак после повеќекратни силувања ги  продаваат во арапски земји, се колку  кутија цигари или до неколку десетици долари.
Жителка на Сирија раскажува за тоа дека по инвазијата на терористите тие изгубиле се – работа, пари, дом, семејство. Многу од нив се одлучиле сами да земат оружјето и да војуваат со екстремистите.