Мислам дека светот денес навистина се соочува со глобална криза која е истовремено политичка, економска, системска, расна, верска. Имавме големи меѓународни кризи историски, но обемот на овие меѓународни кризи постепено стануваа поголеми и поголеми. Сега кризата практично е насекаде.А местата кои не се во криза почнуваат да покажуваат некои докази дека веројатно биле во криза веќе подолго време”, вели, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот на САД, Џими Картер, Збигњев Бжежински за ontheworld .
Еве и некои слични цитати од разговорот со професор Д-р Збигњев Бжежински, поранешен советник за национална безбедност на претседателот на САД.
– Поголемиот дел од проблемите со кои моравме да се справиме во четириесеттите, педесеттите, шеесеттите и се до последните години беа, така да се каже, проблеми кои беа пролонгирани и претходеа на настаните. Тие прераснаа во проблем. Сега работите се случуваат толку брзо и толку недоследно што претставуваат постојана борба, мислам, за да може да се контролира ситуацијата или да се справува со неа и да се има постојано чувство за насоката”, вели тој.
„Концептот на држава има огромен спектар кој се движи од сериозни, одговорни демократии до недемократски држави, како и длабоко свесни за својата ранливост или за сопствената моќ, до многу попримитивни, поемотивни субјекти, што се квази-држави, и тие се држави само во смисла на тоа што имаат органи на власт. Тие имаат способност да нанесат ужасна болка на луѓето. И не знам колку се корисни тие држави не-држави. Ако тие можат да прават работи што им наштетуваат многу на луѓето, за мене тоа е, како самата држава да го прави тоа”.
„Идејата дека ние може да создадеме глобален поредок со употреба на сила има поограничена примена. Тоа треба да вклучува, ако мора да се користи силата, ситуации за евентуално разрешување на проблемот кои се однапред предвидени. Таа не може да се преземе само затоа што едноставно има потреба да се одговори. Тоа е рецепт за инволвирање без изгледен крај, бидејќи едни проблеми создаваат нови проблеми и така натаму”.
„Мора да се соочиме со фактот дека сега живеме во свет каде Соединтетите држави предничат, но не доминираат вистински. Но во отсуство на американската надмоќ, постои реална опасност светот едноставно да се фрагментира во вид на конфликти што ги гледаме сега на Блискиот Исток или потенцијално со Русија, и ние би ја пропуштиле шансата да го искористиме фактот дека примарен интерес на Кинезите токму сега е да се зацврстат како успешен ко-лидер на светот, евентуално можеби и лидер. А тоа бара многу поголеми одржливи дипломатски напори, мислам, покрај некои работи кои веќе ги правиме”.
Бжежински за глобалната улога на Кина
„Мислам дека во последните две години има знак или барем многу мали знаци на зголемување на неизвесноста за тоа што точно треба да биде дефиницијата за улогата на Кина во светот. И мислам дека тоа е предметот за кој ние разговараме со нив во тајност. И колку повеќе можеме да разговараме со нив сериозно и одговорно толку е поголема шансата дека можеби можеме да направиме повеќе заедно, наместо повеќе да стануваме преокупирани со сомневањата дека секој има некоја задна намера против другиот”.
Бжежински за новиот мултиполарен свет
„Сега ние поминуваме низ фазата во која Кина навистина се појавува како светска сила и тоа е една сосема нова игра, и се надевам дека ќе успееме тоа одговорно да го менаџираме, избегнувајќи ги провокациите едната или другата страна да се гледа како непријател”.
……………………..
Д-р Збигњев Бжежински е советник и управник на Центарот за стратегиски и меѓународни студии и истражување, професор на американската надворешна политика на Paul Nitze School of Advanced International Studies, Johns Hopkins University во Вашингтон. Од 1977 до 1981, тој беше советник за национална безбедност на претседателот на САД. Бил награден со Претседателски медал на слободата, за улогата во нормализацијата на американско-кинеските односи и за неговиот придонес кон човековите права и национални политики за безбедност на САД.