Финскиот премиер Јуха Сипиле му нареди на Државниот пензиски фонд да ја прераспредели целата финансиска социјална помош за жителите во земјата и да подготви проект за воведување на т.н. граѓанска плата.

Тоа ќе ги замени сите досегашни исплати – од социјалната помош и помошта при невработеност, до детските додатоците и додатоци за станарина. Сите суми кои денес државата ги „раздава“ се поврзани со одредени баратели, но граѓанската плата ќе им се дава на граѓаните едноставно затоа што тие луѓе постојат на овој бел свет., пренесува МИА.
Во Финска ќе се случи комунизам. Или најмалку нешто слично што ќе одговара на прочуената марксистичка формула за општество на иднината: „Секој според можностите, секому според потребите“.
Се очекува програмата за граѓански плати да почне да функционира во 2017 година во неколку фински региони, а една годиа подоцна, од како ќе се процени нејзината ефикасност, да ја опфати и целата држава. Предвидено е секој невработен Финец да добива околу 800 евра месечно – „чисти“ и без данок.
Според авторите на програмата за „финскиот комунизам“, граѓанската плата од околу 800 евра треба да биде доволна за човек да не стравува за иднината, а истовремено е и мал стимул за повеќе да заработи. Денес во Финска има цел куп слободни места со нецелосно работно време (колку да се работи нешто), но невработените не се пријавуваат затоа што секој дополнителен приход се одбива од помошта – социјалната или за невработеност. Но, висината на граѓанската плата ќе биде стабилна, независно дали отстрана се работи нешто или не.
Од друга страна финскиот парламент ја зголеми партиципацијата за студентите кои не се од земјите членки на ЕУ и Европската економска зона. Партиципација од најмалку 1500 евра годишно ќе ги чини студентите кои нема да студираат на Фински или Шведски јазик.Според Еуростат, Финска е меѓу најскапите држави за живот во ЕУ.