Путин: Турците лижат кај Американците, ама тоа нема да ги спаси

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Годишна прес-конференција на рускиот претседател пред рекордни 1400 новинари.Путин ја нагласи влошената состојба со Турција и односот на турските власти кон САД.путмк

Со соборувањето на рускиот воен авион, Турција одлучи да им покаже на САД и на ЕУ дека е лојален партнер, рече рускиот претседател Владмир Путин пред 1400 новинари. Според него, уривањето на рускиот бомбардер е непријателски чин и не гледа шанси за подобрување на односите меѓу двете земји. Путин ги шокира присутните, користејќи вулгарен начин објаснувајќи го односот на Турција кон Американците.

“Ако некој во турската Влада одлучил да ги лиже Американците на одредено место, тогаш не знам дали станува збор за правилно решение или не. Не знам дури дали Американците го сакаат тоа или не. Претпоставувам дека на одредено ниво постои меѓусебен договор: Ако го урнеме рускиот авион, тогаш вие (САД) ќе ги затворите очите и ќе ни дозволите да влеземе на ирачка територија и да окупираме дел од неа, изјави Путин.

За Сирија, Путин, повтори дека сирискиот народ треба да одлучува за судбината и позицијата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Тој ја поддржа иницијативата на САД и на ОН за решавање на сириската криза и нагласи оти Русија е подготвена и сака да работи на подобрување на односите со САД, без оглед на тоа кој ќе биде иден претседател. Путин денеска првпат призна дека Русија има „свои луѓе во Украина“, иако повтори дека не се работи за војници. Со оглед на пријавениот број новинари, Путин оваа година би можел да го урне рекордот од 2008 година, кога одговори на 106 прашања на прес-конференција која траеше четири часа и 40 минути.