Може ли Хилари Клинтон да го победи Доналд Трамп во трката за Белата куќа

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Водечкиот претендент за номинација на Демократската партија на САД,  Хилари Клинтон би можела да го порази Доналд Трамп, доколку тој ја добие номинацијата на американакските републиканци, во битката за Белата куќа, покажуваат истражувањата што ги имаат направено домашните медиуми. хилари

Поранешната „прва дама“ па потоа сенатор, а во еден мандат и секретар во американскиот Стејт департмент, уверливо води во трката за номинација кај демократите, па многу е веројатно дека Клинтон ќе ја предводи оваа партија на претседателските избори, во ноември идната година.

Кај републиканците, милијардерот-политичар Трамп, продолжува да одржува уверлива предност, пред другите кандидати, но иако има подршка од 41 отсто, кај републикансккте гласачи, се уште не е сигурно дека тој ќе учествува во финишот на претседателската трка.images (6)трамп

Трамп и понатаму е изложен на остри критики за контроверзната изјава дека треба привремено да се забрани влез на муслиманите во САД, додека не се расчистат работите околу џихадистите од ИД, но неизвесноста се одржува  и затоа што конкуренцијата во Републиканската партија е многу побројна и посилна и што таму состојбите се далеку од тоа да бидат расчистени.

Тоа значи дека Хилари Клинтон, како потенцијално, „сигурен„ кандидат на демократите, може да се судри со Трамп, но и со некој друг од републиканските претенденти.

Медиумите во САД, предвидуваат дека тоа би можеле да бидат, пред сите другите, сенаторите Тед Круз и Марко Рубио.

Анализите на нивните позиции кон главните теми, како и мерењето на нивниот рејтинг, споредувајќо го тоа со она на Трамп и со позициите на Клинтон, покажува дека таа би се справила со Трамп , колку и тој сега да делува сигурно и супериорно, а би можела да излезе победник и во евентуален натпревар со Круз, но дека многу би се намачила  доколку републиканците се определат за сенаторот од Флорида, Марко Рубио.

Весникот „Вашингтон Пост“ кој важи за близок до американските демократи, го оквалификува сенаторот од Тексас, Тед Круз како „потврда“ од Трамп во застапувањето на вредностите кои ги бранат републиканците.

Сенаторот Рубио, пак, за низа работи покажува многу поумерени позиции и тој може да привлече на своја страна дел од гласачите од центарот на американската политика на кои смета и Хилари Клинтон./МИА