На социјалните мрежи кружи страшна снимка која покажува вооружени борци на Исламската држава како одвлекуваат девојки и жени од нивните семејства, а кои ќе станат нивни сексуални робинки, пренесува Дејли меил.

Се работи за припадници за народот Јазид кои веќе подолго време се мета на дивјаците на ИСИС. Престрашените девојки вриштат и се држат за нивните роднини, но насилно ги одвлекуваат борците на ИСИС.
На еден од балконите се гледа знаме на ИСИС и борци кои се вооружени.
Исламската држава најголем колеж на Јазидите направи минатата година кога во напад на ирачкиот град Синјар настрадаа 5.000 припадници на овој народ, додека стотици млади жени и девојки завршија како сексуални робинки.
Врз заробените робинки војниците на Исламската држава вршат незамисливи зверства, за што сведочеа малкумина девојки кои успеаја да побегнат. Трудните девојки се принудени да извршат абортус, а голем број извршуваат самоубиства.
https://www.youtube.com/watch?v=oGxVnrL_6J4