Ледената покривка на Гренланд се топела два пати побрзо помеѓу 2003 година и 2010 година отколку во целиот 20 век, покажуваат резултатите од истражувањето.

Во 20-тиот век топењето на мразот придонесе со пораст на океанското ниво за најмалку 25 милиметри, додаваат авторите на студијата од неколку европски земји и Канада.
Во периодот 1900 – 1983 година топењето била значајно во северозападниот дел и по југоисточното крајбрежје на Гренланд, што претставувала 78 отсто од целокупната загуба на мраз.
Помеѓу 1983 и 2003 година 83 отсто од загубата на мраз била во истите области.
“За разлика од претходните проценки, базирани врз компјутерски модели, овие заклучоци се врз основа на директни набљудувања, кои овозможија да се прецизира загубата на ледената покривка на Гренланд – истакна Кристијан Келдсен од Универзитетот во Копенхаген.
Покрај собраните податоци од сателитите, научниците испитувале илјади фотографии, направени од воздухот во 80- тите години на минатиот век, а целта била да се пресмета намалувањето на обемот на мразот во ледената покривка од 1900 година, кога таа почнала да се истенчува во споредба со обемот помеѓу 1200 година и крајот на 19-тиот век.