Братучед на Гадафи: ДАЕШ грабна хемиско оружје од тајни магацини во Либија (ВИДЕО))

од Vladimir Zorba
109 прегледи

 

Во моментов фанатиците од “Исламска држава” располагаат со хемиско оружје, донесенo од тајните складишта во Либиja.Едноставно  џихадистите добиле пристап до тајните бази на Гадафи откако неговата влада беше соборена од власт во 2011 година.

гадафи брат

И во земјата завладеа  двовластие , од што се офајдија  различни терористички групи, вклучувајќи и ДАЕШ (ИД). Ова го тврди во интервју за RT Arabic братучедот на соборениот либиски диктатор Ахмед Гадафи Ал-Дам.“Тие / борците од ДАЕШ-бел.ред. / Успеаја да најдат некои од направените длабоко во утробата на пустината подземни тајни складишта во кои беше складирано ова хемиско оружје. За жал обезбедувањето на овие складишта не беше од најдобрите и правилното. “, раскажува роднина на Моамер Гадафи. Според него украдениот отровен товар бил транспортиран кон северно африканските земји и продаден на црниот пазар. “Јавна тајна е дека токму преку шверцот тие го  продале тоа опасно нешто на трети страни. Постојат само два официјални случаит за крадење на отровни материи од Триполи”, појаснува Ал-Дам.

Тој тврди дека хемиското оружје веќе дури и се користи од терористите- и на територијата на Либија, но и не само таму. Но, тоа е друго  и си оди така некако незабележано од светската јавност    Ахмед додава дека тајни служби пронашле автомобил, полн со бомби со товар  за борба во џамијата Ал-Кудс во Триполи. “Информациите ми се од наши извори во Триполи. Во првиот случај станува збор за кражба на седум барели со опасно хемиско оружје, при вториот случај пак е кражба, но овој пат на пет барел”, вели братучед на Моамер Гадафи.

https://youtu.be/NpkLdsG__S8