Унгарската влада смета дека австриските колеги ја мешаат “солидарност” и “глупоста”. Коментарот на министерот за надворешни работи Петер Сијарто доаѓа како одговор на мислењето на Виена дека земјите членки на ЕУ, кои одбиваат да ги прифатат определените квоти бегалци, треба да сносат санкции.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека треба да бидат прекинати европските субвенции за држави кои не придонесуваат за гласањето програма и добиваат повеќе пари од ЕУ отколку вложуваат. “Австрискиот канцелар не ја гледа разликата помеѓу солидарност и глупости”, му одговори Фајман на унгарскиот прв дипломат Сијарто. “Солидарност значи да помагаш на луѓето кои се во опасност таму каде што живеат, и да им помогнете да се вратат кога конфликтот е завршен”, појасни Сијарто пред националната новинска агенција МТИ. “Глупост е да оставиш стотици илјади, милиони луѓе да влезат неконтролирано во Европа, каде и Европејците и мигрантите гледаат дека тие тука нема да го добијат она на кое се надеваат, продолжи тој со дефинициите. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, исто се закани со законски дејства против земјите кои одбиваат да прифатат бегалските квоти, како специјално спомена до Унгарија и Словачка. Според сегашниот план за прераспределба на 160 000 мигранти Словачка и Унгарија треба да прифатат по 2.300 лица секоја. Досега самиот процес е исклучително бавен и помалку од 300 лица се сместени во рамките на програмата на земјите во ЕУ. / АФП