Сите знаат дека цените на куќите во еден од најдобрите њујоршки квартови – Менхетен, се многу високи. Неодамнешна студија сепак покажа дека цените за просечно живеалиште таму веќе достигнуваат до над 1 милион долари.
Просечната цена сега е 1,1 милиони долари, што претставува пораст за 11% за година, а само во последните десет години цените на куќите во реонот се зголемија за 60%. Просечната цена за продадени станови во Менхетен е 1,9 милиони долари, што исто така одбележува пораст за 5,5% за година и 72% од 2005 година.
Се очекува до крајот на годината вкупниот број на продажбата на недвижности да достигне 24 милијарди долари. До сега речиси 190 станови биле продадени за суми над 10 милиони долари, што е намалување во споредба со 2014 година, кога биле 214 на број.
Најскапата адреса во Менхетен е Central Park West N 15 што претставува станбена зграда, изградена во 2008 година. Специјалното кај неа е дека таа има поглед кон најпознатиот парк во САД – Централ Парк. Во неа има шест станови, а цената за метар квадратен на секој еден од нив е во просек 6292 долари за квадратен метар.