Форумот на слободоумни патриоти го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ да прекине да се крие зад тајните сведочења и во интерес на вистината и партијата се што има да и соопшти на Анкетната комисија при Собраните, да го направи јавно и транспарентно.

„Со месеци не убедувавте дека снимките се сечени, лепени, монтирани и креирани и оној момент кога требаше и со дела да го покажете тоа вие се криете и со тоа внесувате дополнителен сомнеж како во самите вас, така и во работењето на партијата. Ако навистина сте невини Ве повикуваме да почнете да се однесувате одговорно и да сведочите јавно со што би ја тргнале анатемата која е надвисната над партијата“, се наведува во соопштението.
Ваквото однесување, според Форумот, дополнително вознемирува бидејќи непосредно пред предвремените парламентарни избори и се нанесува непоправлива штета на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзините членови!
“Форумот на слободоумни патриоти ги потсетува членовите на Анкетната комисија дека истата е формирана за да се дознае вистината, која треба да и биде соопштена на јавноста. Оттука ние сметаме дека нецелисходно е времето кое го трошите на затворени седници и Ве повикуваме сите материјали и сведочења јавно да ги објавите“, соопшти Форумот на слободоумни патриоти.