Во Собранието цел ден се расправаше за министерот за здравство Никола Тодоров и неговата работа. На полноќ пратениците гласаа. Од вкупно 109 присутни, 56 гласа гласаа интерпелацијата, а 29 од народнита избраници бараат тој да си оди.

Опозицијата му поднесе интерпелација и бара тој да поднесе оставка поради потезите кои ги влече во овој сектор, а за кои велат дека завршуваат со човечки жртви. Тодоров се брани тврдејќи дека спроведува успешни реформи во здравството.
Додека пратениците од власта и опозицијата ги вкрстија аргументуте за успешноста односно неуспешноста на раководењето на Тодоов со здравстениот систем, надвор стотици граѓани протестираа и бараа итна оставка од него.