Во Скопје денеска ќе се одржи „Edu Day“ што го организира „Мајкрософт Македонија“ на кој ќе бидат презентирани добрите практики при користење на алатките на Мајкрософт и ќе бидат споделени искуства од користењето на технологијата која овозможува интересно и забавно учење. 
На настанот ќе се обратат министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска, директорот на „Мајкрософт Македонија“, Стефан Плавјански, раководителката на Одеделението за развој и промоција на информатичкото општество, Розалинда Стојова и програмскиот менаџер за образование на „Мајкрософт“ Влора Адеми.
Во рамки на настанот ќе им бидат врачени и наградите на наставниците од основните и средните училишта кои учествуваа во натпреварот што го организираше Мајкрософт.