Сопствениците на паметни телефони треба да размислат повторно, пред да ги напикаат во џебовите од панталоните – топлината е штетна за батеријата на уредот, предупредува германска членска група, цитирана од ДПА.
Литиум-јонските батерии во повеќето смартфони се чувствителни на топлина.Температура над 35 степени целзиусови може да им го скрати животот.
Како што е познато, телесната топлина ја надминува оваа вредност. Употребата на смартфоните во топло време, како и близината до радијатори и други извори на топлина, исто е погубна за литиум-јонските батерии.
Циркулацијата на воздухот е клучна за ладењето на смартфоните.
Истото важи и за таблетите. Нивните сопственици ризикуваат да ги прегреат, ако го ограничуваат пристапот на ладен воздух до нив. Од оваа причина треба да се избегнува нивната поставеност на перници или во скутот.