Партијата за движење на Турците: Со кое лице Груевски се појави на прославата

од desk3
101 прегледи

Од Партијата за движење на Турците (ПДТ) велат дека премиерот Никола Груевски на прославата на националниот празник на Турците масовно бил исвиркан од публика, како доказ за неговата лоша политика кон турската заедница во Македонија.

pdt

Партијата за движење на Турците бара одговор од Груевски, со кое лице се појавил пред турскиот народ во Македонија и дали имал, како што велат, „грам срам и доблест“ што и понатаму се подбива со Турците во Македонија?

(ВИДЕО) Груевски исвиркан во салата „Борис Трајковски“

„Која перверзија и контрадикторност е тоа што Груевски ги поздравува Турците по повод Денот на образование на турски јазик, а голем дел од турските ученици наставата ја следат во несовремени услови, немаат учебници на свој мајчин јазик?! Дали Груевски заслужи да се појави на прославата поради тоа што знае како да ги фати Турците за уши и да го носи на гласање или, пак, поради тоа што владата со чело на Груевски ја третира турската заедница во Македонија како граѓани од трет ред, кои се дискриминирани во секој поглед и сегмент од општеството“, пишува во соопштението на партијата.

ПДТ потсетува дека Груевски веќе со години ветува дека ќе се оствари изградбата на Турскиот театар, но и понатаму оваа ветување останува само фарса.

 

META