Рускиот претседател Владимир Путин е најпопуларниот лидер меѓу целите светски политички елити, но надвор од федерацијата собира повеќе негативни оценки.
Ова го покажуваат податоците од годишното истражување на “Галуп интернешнл”.
Разликата помеѓу позитивните и негативните оценки за активностите на Путин во Русија е 72 отсто.
За споредба, во случајот со Барак Обама во САД овој показател е само 12 проценти, а кај Ангела Меркел во Германија и Дејвид Камерон во Велика Британија дури е негативна величината – односно минус шест и минус седум проценти.
Си Дзинпин
Кинескиот претседател Си Дзинпин добива во својата земја еднаков број позитивни и негативни оценки.
Најлоши критики во сопствената држава собира францускиот претседател Франсоа Оланд со разлика помеѓу позитивните и негативните мислења за него минус 47 отсто.
Express: Повеќето Британци го сакаат Путин за премиер наместо Камерон
Во анкетата на “Галуп” учествувале речиси 64 илјади луѓе од 65 држави – по околу 1.000 од секоја опфатена земја.
Путин собира во сите нив во просек 33 поповолни оценки од 100, Оланд – 34 проценти, Камерон – 37 проценти, а Меркел – 44 отсто.
Барак Обама

Рускиот лидер сепак надвор од земјата има акумулирано повеќе негативни оценки од европските лидери. Најголем удел позитивни проценки има Обама – 59 отсто. Си Дзинпин добил 27 проценти, Нарендра Моди и бразилската претседателка Дилма Русеф – по 24 отсто.
Најпопуларен е Путин во Ерменија, каде позитивните мислења за него имаат 79 отсто повеќе од негативните, а исто така во Виетнам (76 отсто), Србија (72 отсто), Кина (55 отсто) и Индија (39 проценти).
Најмалку се неговите приврзаници во Финска, каде негативните проценки преовладуваат со 83 проценти, во Шведска (минус 77 отсто), Португалија (минус 67 отсто), Холандија (минус 64 отсто), Полска (минус 61 отсто). Во САД овој показател во случајот со Путин е минус 44 отсто, во Украина – минус 38 проценти.
Дилма Русеф

Меѓу светските лидери најпопуларни во Русија се Си Дзинпин со 57 отсто повеќе позитивни оценки од негативните, Моди со 47 проценти и Русеф со 43 проценти.
Најмала е поддршката за Обама – минус 83 отсто, најнизок резултат од сите опфатени држави.
Луѓето во Русија даваат ниски оценки и за Камерон – минус 48 отсто, Меркел – минус 47 отсто, Оланд – минус 30 проценти.


