Како тргнало САД ќе станат сојузници со Асад…

од desk3
73 прегледи

Иако администрацијата на Обама продолжува јавно да тврди дека сирискиот претседател Башар Асад треба да биде лишен од својоата позициа, на маргините на Белата куќа тежат кон друга стратегија.

boooooma

Во согласност со неа Асад ќе ја задржи својата пост за времето потребно на светот да се обедини против глобалната закана во лицето на “Исламска држава”, пишува The Washington Times.

Како што тврдат аналитичарите, новата позиција на САД се создала очигледна минатата недела во ОН, кога САД гласаа за мирно решавање на кризата во кое името на Асад воопшто не фигурира. Тоа беше прифатено како капитулација на администрацијата на Обама пред барањата на Иран и Русија, кои инсистираат да се реши сирискиот претседател да остане на власт во догледна иднина, наведува весникот.

Меркел го изгуби дипломатскиот такт

 

“Белата куќа проценил дека соработката со сирискиот претседател се јавува како помало зло во споредба со алтернативните опции – како конфронтација со Русија поради Асад или нарушување на тешката американска антенска војна против ИД”, вели шефот на Центарот за блискоисточни студии во Универзитетот на Оклахома Џошуа Лендис, цитиран од весникот.

Прашањето поврзано со претседателот на Сирија, беше доста “лизгаво” за американскиот претседател Обама од 2012 година, кога Хилари Клинтон, државен секретар во тој момент, изјави дека “Асад треба да си иоди”. Но ставот на американската влада почна да се менува, кога Џон Кери ја презеде функцијата државен секретар во почетокот на 2013 година, и многу силно се промени од моментот во кој Русија започна воена операција во Сирија.

Џон Кери во последните недели покажа флексибилност, убедувајќи ги Русија и Иран да го поддржуваат планот за мирно решавање, кој е поддржан од САД, Саудиска Арабија и Турција. Освен тоа Кери изјави дека САД и нивните сојузници “не се стремат кон т.н. Промена на режимот во Сирија”.

Администрацијата на САД почнува да сфаќа дека сегашниот курс на вооружување на сириската опозиција индиректно ги зајакнува позициите на ИД и другите екстремисти во регионот, особено сириската клетка на “Ал Каеда” “Џебхат ан-Нусра”. Токму тие сега се доста опасни за САД и нивните сојузници во споредба со режимот за Асад, продолжува Лендис.

Но како ќе реагираат ИД и другите џихадистички групи на обидите за мирно решавање од страна на меѓународната јавност, сеуште не е јасно, пишува весникот.