Пратеничката група на ДУИ денеска не присуствуваше на годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов- пренесе А1он. Според нив, тој не е легитимен претседател на државата.
– Политички став на нашата партија после претседателските избори одржани минатата година е дека тој не е легитимен и не е консензуален претседател на државата, како таков не ги застапува ниту сите граѓани ниту сите заедници во државата, вели Ермира Мехмети.
(ВИДЕО) Милошоски: Отсуството на СДСМ и ДУИ од седницата е отсуство на капацитет за политички дијалог
Мехмети вели дека не сака да ја коментира политичката култура, особено не на ВМРО-ДПМНЕ.
– Политичката култура на нашиот коалиционен партнер патем речено има прилично големи и сериозни прашалници пред себе, апсолутно не ценам дека е прашање кое што заслужува мој коментар, рече Мехмети.
Извор: А1он
