Гевгелиските таксисти ја блокираа пругата, бараат “дел од колачот” за транспортот за мигрантите

од desk3
101 прегледи

Гевгелиските таксисти денеска од десет часот застанаа на шините на пругата и недозволуваат да поминуваат возови со мигранти и бегалци. Револтирани се од неисполнетите барања за подеднакво учество во транспортот на мигрантите.

мигранти

како што информираат таксистите, при последниот протест на 2 декември им било ветено дека дел од бегалците и мигрантите кои пристигаат во транзитниот центар ќе ги пренесуваат тие, за што се уредуваше и паркинг простор пред центарот Винојуг, но по два дена повторно останале без работа.

Српска фирма ќе ги обновува конаците на Трескавец

Одлуката превозот на бегалците да го вршат само македонски железници ја донесе Центарот за управување со кризи, но таксистите бараат отчет од локалните институции.