Приближувањето на Божиќ и новогодишната ноќ се одличен повод за дизајнерите да се послужат со малку инспирација.
Додека ние се подготвуваме за официјалниот пречек на празниците и се прашуваме како да ја нагласиме удобноста на вашиот дом, Доменико Долче и Стефано Габана ја даваат својата доза модни креации.
Капсулната колекција од подароци и додатоци на дуото содржи цветна селекција од свеќи, кутии за накит, книги, чанти и декорации за дома, пресоздавајќи ги сицилијанските традиции.
Призводите се решени во култните принтови на куклени театри, средновековни витези и познатите тркала, како ретроспективно враќање кон корените од страна на италијанските дизајнери.
Од основањето на истоимената модна куќа во 1985 година до денес, Долче и Габана се фокусираат кон инспирација од својата татковина и секоја сезона ги претставуваат пред пошироката публика особеностите на Италија.
Сите производи од капсулната колекција додатоци можете да ги видите во нашата галерија.