Ќе го гасиме телевизорот со паметни чорапи

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Често ли ви се случува да заспиете, а телевизорот да продолжи да работи? Трошите струја без никаква причина.Netflix_socks_via_Twitter_large

Стриминг платформата Нетфликс го реши овој проблем и сега нуди смартчорапи опремени со сензори кои го исклучуваат телевизорот кога корисникот ќе заспие, пишува “Дејли мејл”.

Овој производ се испорачува во форма на комплет “направи сам” и го носи брендот Netlix socks. Тој испраќа сигнали до неговиот телевизор кога човекот кој го носи производот, ќе го однесе пред екранот.

Луѓето треба да поседуваат познати вештини за да си ги сплетат чорапите и внесат електронски уред. Тоа се базира на актиграфијата – метод на кој може да се регистрираат фазите на спиењето на човек.

Чорапите користат акцелерометар за известување кога човек престанува да се движи за релативно долг временски период. Ако пак не сме целосно заспани, црвените LED диоди сигнализираат дека во скоро време телевизорот ќе биде исклучен.