Се најдоа пари за македонските ракометари, МОК обезбеди 60.000 долари

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски обезбеди 60 илјади долари за најдобрите македонски ракометари, во насока на нивни што е можно подобри подготовки за Европското првенство во Полска.

272586-mok-makedonski-sportist-padnal-na-doping-kontrola

МОК верува дека Македонија може да обезбеди директно учество на Олимпијадата во Рио 2016, или на другиот начин, преку квалификацискиот турнир.

– Финансиските средства се веќе на сметка на Ракометната федерација на Македонија. МОК верува дека нашите најдобри ракометари во 2016 година ќе го дадат своето најдобро и ќе го реализираат сопствениот, а и сонот на сите граѓани на Македонија, соопштуваат од МОК.

Во исто време, МОК информира дека доби покана од организациониот комитет на ЕП како и од Полскиот олимписки комитет да биде нивен гостин за време на шампионатот во Полска, која МОК со големо задоволство ја прифати.