СДСМ: Обвинителството да објасни како владините медиуми имаат детали од истрагата за фалс личните карти

од desk3
86 прегледи

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очекува од Јавното обвинителство да спроведе професионална, законска истрага и да утврди кој и со каква цел фалсификувал лични карти.

Бидејќи Обвинителството тврди дека се пронајдени и снимени телефонски разговори кај осомничени лица, истрагата треба да покаже на каков начин материјалите се нашле кај овие лица.

Marko_Zvrlevski_520x346_820783476

Обвинителството треба да објасни како тоа владините медиуми имаат информации и детали од истрагата со коишто шпекулираат и создаваат забуна во јавноста, пред официјално да соопшти нешто Јавното обвинителство?

Се потврдува дека Јавното обвинителство реагира само кога се во прашање интересите на Никола Груевски.

Кога се објавуваа разговорите во рамки на проектот Вистината за Македонија, коишто покажаа сериозен криминал, корупција и злоупотреба на институциите од страна на Никола Груевски и неговите соработници, Основното јавно обивинителство со месеци молчеше и не превзеде ништо.

Две жени повредени во експлозија на аеродром во Истанбул

Дури ниту по кривичните пријави што ги поднесе СДСМ, врз основа на доказите од објавените разговори, со месеци не се постапуваше.

Проектот Вистината за Македонија покажа кои се вистинските криминалци во Македонија.

Во оваа држава ќе се врати правото и правната држава.

Тоа е незапирлив процес!

 

Интегрален текст од соопштение на СДСМ