Ким Јонг Ун е издал наредба армијата да се готви за сурова и тешка војна

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Лидерот на Северна Кореја побарал од генералитета “интензивно спроведување на маневри”

20151224.woqhsipbif

 Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун издал наредба за “интензивно спроведување на маневри на Корејската народна армија”, јави ТАСС. “Војниците треба да одржуваат подготовка во услови максимално блиски до борбените”, изјавил Ким Џонг Ун. Севернокорејскиот лидер, исто така, го повика раководството на армијата на Северна Кореја “да заврши со формалните и стереотипни пристапи кон спроведување на вежби, за да обезбедат подготвеност за сурова и тешка војна “.