Министерството за образование го одби барањето на Општина Центар за децата од сите седум основни училишта во таа општина да одат порано на распуст, поради енормното загадување на воздухот.

ou-11-oktomvri

 

Денеска ќе бидат објавени прашањата за екстерното за матурантите

Градоначалникот Андреј Жерновски, неодамна испрати барање до МОН децата да се ослободат од настава, поради високите нивоа на опасните честички ПМ10 и ПМ 2,5.

На темата загадување денеска реагираа и од СДСМ. Оттаму обвинија дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не презеле ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух.

„Граѓаните од цела Македонија секојдневно дишат екстермно загаден воздух. Во Скопје и во Тетово загадениот воздух достигнува фрапантни 18 пати повисоки концентрации на опасните честички ПМ10, што е исклучително опасно по здравјето на граѓаните. Во Битола и во Кичево концентрацијата на честичките ПМ10 е високи деветпати над дозволеното, додека во Кавадарци и во Велес е речиси осумпати над дозволената граница. И покрај бројните апели, и покрај сите ризични последици, Груевски нема слух за овој сериозен проблем што е опасен по здравјето на граѓаните. „Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски се фокусирани на богатењето на фамилијата, бизнис-интересите на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески. Здравјето на граѓаните, за Груевски и за фамилијата, е неважно“, реагираат од партијата.

Од СДСМ се загрижени за здравјето на граѓаните и бараат веднаш да се воведе субвенција за јавниот градски превоз која ќе важи за сите во зимските месеци, Град Скопје итно да забрани сеча на постојните дрва и да почне со санирање на сите уништени зелени површини, да се воведат грантови за инсталирани соларни панели, грантови за изолација на објекти и за инсталација на енергетски ефикасни апарати и да се зголемат средствата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на заштита на животната средина.

МЕТА

Слични содржини