(ВИДЕО) Луксузниот хотел во Дубаи се уште во пламен

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Огромната зграда на еден од најлуксузните хотели во Дубаи, во која изби пожар во новогодишната ноќ, утрово се уште е во пламен, повеќе од 12 часа откако се запали.

Властите во Дубаи соопштија дека најмалку 14 луѓе се повредени додека еден човек имал срцев удар по вдишување чад и турканица за време на евакуацијата

 

Пожарот во 63-катниот хотел „Адрес даунтаун“ изби синоќа околу 21.30 часот, а пожарникарите денеска воглавно од земја надгледуваат како горат горните катови, бидејќи не можат да допрат до нив со црева со вода од противпожарни возила.

Новата година и покрај пожарот во Дубаи е прославена како што беше планирано – со раскошен огномет од блиската „Бурџ Калифа“, највисока зграда во светот пред која имаше стотина илјади луѓе

видео: Ѓ.Ч Здравковски