Едно лице загина во стампедо за време на евакуацијата на запалениот хотел во Дубаи, соопштува телевизија Al Arabiya. Информациите од порана беа дека за време на евакуацијата полесни повреди добиле 16 лица, објавија AFP.Според првичните информации загинатиот добил срцев удар во минутите на масовна паника кога стотици гости на хотелот барале начин да ја напуштат запалената зграда.
Дубаи: За 5 минути огнот стигна до покривот на хотелот, но огномет сепак имаше!
Потсетуваме дека пожарот избувна на 20-тиот кат во хотелот во Дубаи на самата Нова Година. Пламените зафатија за неколку минути десетици катови од 63-катната кула.
