Израелското Министерство за образование во училиштата го забрани романот за љубовта меѓу Израелка и Палестинец, тврдејќи дека тој оретставува „закани по израелскиот идентитет“.

Се работи за романот „Живот на граница“ кој го напиша израелската писателка Дорит Рабинјан на хебрејски јазик.
Како причина за забранување на овој роман првобитно се наведуваше неговата потенцијална опасност по израелскиот идентитет, односно потреба учениците да гп заштитат своето културно наследство.
Инаку овој роман претходно го препорача израелската комисија за книжевност, како лектира во секуларните државни училишта.
Израелската писателка, по потекло од Иран, а во својот роман зборува за Израелската Лиат и палестинскиот уметник Хилмиј, кои се запознале во Њујорк. Животот ги раздвијува и Лиат заминува во Телл Авив, а Хилми во Рамалах.