Неколку авиони над калифорниското небо испишаа слогани против кандидатот за номинација на Републиканската партија за претседател на САД Доналд Трамп.

„Америка е супер, Трамп е одвратен“, „Сите освен Трамп“, „Трамп сака да мрази“, беа пораките кои можеа да се прочитаат на небото каде шест авиони ги испишуваа против американскиот милирадер. Американските медиуми јавуваат дека организатор е еден бизнисмен од Алабама.

Трамп кој предизвика бурни реакции по озјавата дека ќе забрани влез на муслиманите во случај ако стане претседател на САД; засега не реагираше.
Според последните анкети, Трамп во овој момент има најголема поддршка од кандидатите во својата Републиканска партија.